Утрински Весник
Македонија

Царинската управа заплени 139 килограми марихуана на граничниот премин Дојран

Царинската управа заплени 139 килограми марихуана на граничниот премин Дојран

Мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа спречија обид за криумчарење на 139 килограми марихуана.

Дрогата била затекната при контрола на товарно возило на Граничниот премин Дојран.

Дрогата е запленета, а по собирање на доказите и утврдување на сите околности за настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот по член 215 од Кривичниот закон.

Можете да прочитате

31 пожар на отворен простор, два активни, пет под контрола

Гром уби 107 овци на сточар од Чашка

Сончево и топло, со температури до 37 степени