Утрински Весник
Спорт

Хуркач го исфрли Федерер од Топ 10

Хуркач го исфрли Федерер од Топ 10
Dik 300x250 mk

Хуберт Хуркач, од наредниот понеделник, прв пат во кариерата ќе биде меѓу најдобрите десет играчи на светот.

Полјакот ќе дебитира во Топ 10 благодарение на победата над Френсис Тијафо, 6:3, 6:2, на мастерсот во Индијан Велс.

Оваа победа на Хуркач го исфрли од Топ 10 Роџер Федерер. Последен пат, Швјацарецот не бил меѓу најдобрите десет на почетокот на 2017 година, односно на листата објавена на 16.јануари, кога бил 17 во светот.

Хуберт Хуркач за пласман во четврт-финалето ќе игра против Аслан Карацев.

> Хуркач го исфрли Федерер од Топ 10 <

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони