Утрински Весник
Македонија

Хуманитарна помош за најранливите домаќинства во Општина Демир Хисар

Хуманитарна помош за најранливите домаќинства во Општина Демир Хисар

Демир Хисар, 5 април 2020 (МИА)Градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски во соработка со Центарот за социјални работи, ОО Црвен Крст и членови на Советот од таа општина, реализираа хуманитарна акција за помош на најранливи домаќинства во населените места во Демир Хисар.

Тимовите се мобилизираа, подготвија и доставија социјални пакети со храна, прехранбени производи, хигиенски средства, обезбедени од Општината, Центарот за социјални работи и ОО Црвен Крст на Демир Хисар.

Градоначалникот Стојановски, упати апел до сите да се однесуваат одговорно, да ги следат препораките и мерките на надлежните институции за заштита и спречување на ширење на коронавирусот, затоа што јавното здравје е колективна одговорност.

-Ги повикувам сите кои се во можност да донираат, да покажат хуманост и солидарност каде што е најпотребна, на оваа општествена ранлива категорија на луѓе. Наша обврска и задача е да ги помогнеме нашите сограѓани во овој тежок период, кога сите се соочуваме со пандемијата, посочи Стојановски.

Активностите за помош и поддршка на социјално загрозените семејства во Општина Демир Хисар, ќе продолжат и понатаму.мт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!