5 јуни 2020
Седум илјадитиот оброк го поделивме во рамки на хуманата акција што ја почнавме од почетокот на здравствено-економската криза во нашата држава предизвикана од корона вирусот и продолжуваме со нашите солидарни активности.
Станува збор за поделени оброци за медицински работници и припадници на МВР, како придонес во поддршката и израз на почит кон ангажираните во првите редови во справувањето со здравствената ситуација и заштитата на сите наши граѓани. Баратели на азил, бездомници, што го реализиравме во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија – Пукт за бездомници.
Исто така подготвивме, над 120 пакети со прехранбени производи на социјално загрозени семејства, ранливи категории граѓани, на децата од СОС детското село.
Целта на Хуманитарната организација на Горанците, како општествено одговорна организација е со оваа информација да поттикне помош и хуманост во оваа здравствено-економска криза.
Ние, како Хуманитарна организација на Горанците во Македонија сме невладина организација, основана во декември 2018 година од неколкумина ентузијасти, луѓе од еснафот, а не спои благородната цел да пружаме каква било помош, за којашто ќе имаат потреба како нашите членови, така и наши сограѓани во земјава. За таа цел се реализирани и во фаза на реализација и други проекти во коишто се вклучуваат `се поголем број членови и волонтери.
Со поддршката што ја даваме на општеството, како луѓе од еснафската дејност сакаме да ја подигнеме свеста дека за солидарност е потребна пред `се волја и дека сите ние, како одговорни луѓе во нашата држава, можеме и треба да најдеме начин да работиме за заедничкото добро.
Един Бајрами, претседател на Хуманитарната организација на Горанците
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.