Утрински Весник
Култура

Хуманитарен концерт на Филхармонија со пијанистот Дмитри Маслеев

Хуманитарен концерт на Филхармонија со пијанистот Дмитри Маслеев

Оркестарот на Филхармонија ќе одржи хуманитарен концерт на 22 октомври (четврток) во 20 часот насловен „Per aspera ad astra“. Средствата од овој концерт се наменети за лекување на Игор Пармаковски, кој го години се бори со Кронова болест.

Како солист на концертот ќе настапи рускиот пијанист Дмитри Маслеев, еден од најзначајните млади солисти на светската музичка сцена во моментов, а диригент е Габриел Бебешелеа од Романија. Како солист ќе настапи и првиот трубач на оркестарот на Филхармонија -Драган Младеноски.

На програмата се две исклучителни дела од рускиот композитор Дмитри Шостакович – Концертот за пијано труба и гудачки оркестар оп.35 и Камерната симфонија во це-мол, оп.110а.

Билетите се веќе достапни и можат да се резервираат на тел: 02 / 3238 182 и да се купат онлајн на www. filharmonija.mk.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“