Утрински Весник
Економија

„Хуавеј“ ќе гради фабрика во Франција, ќе произведува опрема за 5Г-технологија

„Хуавеј“ ќе гради фабрика во Франција, ќе произведува опрема за 5Г-технологија

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеи“ ќе гради фабрика на истокот на Франција за производство на опрема пред сѐ поврзана со 5Г технологијата, што ќе биде прва нејзина ваква фабрика надвор од Кина, соопшти денеска компанијата.

Во фабриката ќе бидат инвестирани најмалку 200 милиони евра и првично ќе бидат вработени 300 лица, а производството ќе биде наменето за целиот европски пазар.

Според „Хуавеи“, фабриката во Брумат, мал град на околу десетина километри северно од Стразбур каде има голема индустриска зона, треба да произведува опрема во вредност од милијарда евра годишно.

„Со оваа фабрика сместена на крстосницата на Европа, ‘Хуавеи’ ќе го збогати веќе силното присуство на континентот каде што има 23 центри за истражување и развој, повеќе од 100 партнерски универзитети, повеќе од 3.100 добавувачи и успешен ланец на снабдување“, соопшти кинеската компанија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство

Битиќи: Се извинувам што ја вознемирувам министерката додека е на патување, денес избега, но ја очекувам во четврток во Собранието