Утрински Весник
Свет

Хрват од Германија по 4 месеци повторно заболел од корона: „Мислев дека годинава завршив со тоа“

Хрват од Германија по 4 месеци повторно заболел од корона: „Мислев дека годинава завршив со тоа“

Хрват, кој веќе долго време живее и работи во Франкфурт, бил шокиран кога здравјето нагло му се влошило за време на одморот во Хрватска, а во Германија му било потврдено дека е заразен со коронавирусот, пишува „Дневник.хр“.

Ова не би било чудно доколку 54-годишниот Стјепо, кој има хронична срцева слабост, не бил тестиран позитивно на вирусот и во април кога бил во Германија. Потоа бил прогласен за здрав по 14 дена во карантин, бидејќи веќе немал симптоми.

По првата дијагноза во април тој не бил повторно тестиран пред да излезе од карантин, па Стјепо вели дека не може со сигурност да тврди дека е повторно заразен, бидејќи можно е вирусот да се задржал во неговиот организам.

Сепак, тој потенцира дека во текот на тие четири месеци помеѓу двете дијагнози се чувствувал добро и дека ниту еден од неговите многубројни контакти не се разболел.

Стјепо своите тврдења ги поткрепил и со медицинска документација, а како што вели, овој пат, откако веќе четири дена ќе нема симптоми, ќе инсистира повторно да се тестира пред да излезе од карантин.

„По втор пат имав температура од 40 степени, целото тело ме болеше, имав дијареја и бев целосно изнемоштен. Сега сум малку подобар, но сепак имам температура од 38 степени и се надевам дека наскоро ќе закрепнам. Мојата сопруга и децата беа исто така тестирани и, за среќа, тие се негативни“, вели Стјепо.

Научниците во Хонгконг деновиве го потврдија првиот докажан случај на повторна инфекција со коронавирус, а два такви случаи се потврдени и во Холандија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме