Утрински Весник
Економија

Хрватско НЕ ​​за Америка: Нема да потпише изјава против Хуавеј

Хрватско НЕ ​​за Америка: Нема да потпише изјава против Хуавеј

Официјален Загреб ќе заземе иста позиција како и Рим, кој порача дека ќе биде внимателен кога ќе ја развива 5Г-технологијата.

Хрватска на денешната средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Дубровник нема да потпише заедничка декларација со САД за безбедноста во користењето на 5Г-мрежата насочена против кинески Хуавеј, туку ќе заземе ист став како и Италија и ќе ги прими на знаење предлозите на САД за „штетноста“ на користењето кинески технологии, пишува „Јутарњи лист“.

Главни две теми на неговата посета се избегнување на двојното оданочување и укинување на визите за хрватските граѓани кои патуваат во САД, а хрватската страна уверува дека потпишувањето на декларацијата не било планирано, ниту било наметнато од американска страна. Хрватска очекува Помпео да објави во Дубровник дека се исполнети условите за укинување на визите и за двојно оданочување меѓу земјите, што е особено важно за ИТ-секторот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трипуновски: Исплатени скоро 480 милиони денари субвенции за лозарите, следуваат 200 милиони за овоштарите следната недела 

УЈП: Наближува крајниот рок за достава на пресметки и докази за остварен доход од работа во странство за 2025 година

Филипче: Владата скрати 40 милиони евра од субвенциите за земјоделците