Утрински Весник
Македонија

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на барањата на условите кои ги поставува Бугарија за почеток на преговорите на Северна Македонија во ЕУ.

По состанокот во процесот Брдо-Бриони, Милановиќ оцени дека условите кои се поставени пред Македонија за почеток на преговорите со Унијата се невозможни.

„Станува збор за невозможни услови кои им се поставени за преговори со ЕУ и тие се однесуваат на содржината во учебниците по историја во Северна Македонија. Тоа што во моментов една членка на ЕУ го прави во Северна Македонија е навлегување во интимен простор. Се бара еден кандидат за време на преговори за членството да ја дефинира својата национална генеза во учебниците по историја онака како што тоа го бара соседната држава. Тоа е влез во интимен простор и не треба да се случува”, рече Милановиќ, додавајќи дека отворено ќе се спротивстави.

Според него, претседателските избори во Франција, кои ќе се одржат следната година, ќе влијаат на сите земји во регионот кои се во претпристапни преговори со ЕУ.

Можете да прочитате

„Вашиот внук е тешко повреден, итно требаат пари“ – полицијата предупредува на зачестени измами

Кузеска: Часовникот отчукува, Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка – СДСМ најавува кривични пријави!

Наместо пред судот во Кочани, Ива Михаилова се појави во бугарски подкаст: Обвинува за притисоци и барање пари