Утрински Весник
Македонија

Хоџа на средба со Гир: Подготвени сме за реформите потребни за заедничката земјоделска политика на ЕУ

Хоџа на средба со Гир: Подготвени сме за реформите потребни за заедничката земјоделска политика на ЕУ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа состанок со Шефот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир и Раководителот на секторот за операции Штефен Худолин.

ЕУ амбасадорот го истакна своето задоволство за успешната соработка во делот на земјоделството и руралниот развој, како и целосна поддршка на ЕУ во процесот на Евроинтегративните процеси.

ЕУ дава финансиска поддршка преку ИПА фондовите во различни области од земјоделството и руралниот развој, во јакнење на административните капацитет, како и во изработка на различни системи.

Исто така, Шефот на Делегацијата, го истакна своето задоволство за направениот напредок за реализација на ИПАРД програмата и искористување на сите средства од ИПАРД 2 програмата.

Министерот Хоџа се заложи за преземање на стратешки одлуки за спроведување на реформите согласно барањата на заедничката земјоделска политика на ЕУ и целосна посветеност во координативните процеси при отпочнување на преговорите за поглавјата 11,12 и 13.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стано: Очекуваме и веруваме дека новите власти во С. Македонија ќе продолжат да испорачуваат за продолжување на европскиот пат за земјата

Серија настани ширум земјава по повод Денот на Европа

УКИМ остана на 1.990-то место на листата најдобри 2.000 универзитети во светот