Утрински Весник
Свет
Img 7972

Хоти потрошил 8.000 долари за шест дена во САД

Хоти: Договорот би требало да води кон меѓусебно признавање
Img 7972

Премиерот на привремените институции на Косово, Авдулах Хоти, потрошил 8.363 евра за време на неговиот неодамнешен шестдневен престој во Вашингтон.

Тој отпатува за САД на 31 август на покана од Белата куќа, а за авионски билет платил 2.141 евра, пренесува порталот Репортери.

Се додава дека Хоти, кој вели дека за ручек јаде сендвич, потрошил 2.246 евра на храна, такси и други услуги за време на неговиот престој во САД.За сместување, Хоти потрошил 3.282 евра од буџетот, додека добил дополнителни 693 евра на ден за дневници.

Хоти беше во Вашингтон од 31 август до 4 септември, кога со Белград беше потпишан договор за нормализирање на економските односи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Грета Тунберг има проблем со гневот – треба да посети лекар

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа