Утрински Весник
Економија

Хотелот Молика и ски-центарот Копанки се подготвуваат за зимската сезона

Хотелот Молика и ски-центарот Копанки се подготвуваат за зимската сезона

Работна посета на хотелот Молика и ски центарот Копанки беше реализирана во текот на викендот од страна на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и претставници на РЕК Битола, Елемтурс, х. Молика и на фирмата ќерка на ЕСМ, ФОД Битола.

Целта на посетата беше запознавање на раководството на компанијата со состојбата на хотелскиот комплекс по завршувањето на летната сезона, во текот на која се искористија значаен број државни ваучери за туризам од страна на граѓаните.

На средбата беше разговарано и за извршените подготовки за успешна реализација на претстојната зимска сезона, како во инфраструктурата хотелот, така и во ски-центарот. Нотирани беа активностите кои се уште треба да се спроведат, за што на располагаше се ставаат внатрешните ресурси на компанијата, односно соработка меѓу сестринските фирми на АД ЕСМ и пружање меѓусебни услуги согласно нивните специфики на работа, се вели во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Златото влегува во нов период на слабеење на светските пазари

Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – финансиската едукација мора да биде дел од образованието

Нов шок на безнинските: Дизелот на 92 денари, сериозно поскапува и бензинот