Утрински Весник
Магазин

Холивуд молчи за номинациите за „Златен глобус“ среде контроверзи

Холивуд молчи за номинациите за „Златен глобус“ среде контроверзи

Филмските драми The Power of the Dog („Моќта на кучето“) и Belfast („Белфаст“) ги предводеа номинациите во понеделникот (13 декември) за „Златни глобуси “ во година замаглена со контроверзи и значително намалена церемонија, коментираат странските медиуми.

„Белфаст“, сместен во 1970-тите во Северна Ирска, и „Моќта на кучето“ во режија на Џејн Кемпион, добија по седум номинации. По нив следеа сатирата за глобалното затоплување Don’t Look Uр („Не гледај нагоре“), „Кралот Ричард“ – за таткото на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс, римејкот на бродвејскиот мјузикл „Приказна од западната страна“ во режија на Стивен Спилберг, и приказната за полнолетство Licorice Pizza, со по четири.

Филмовите на „Нетфликс“ добија водечки 17 номинации.

Добитниците на „Златен глобус“ ќе бидат објавени на 9 јануари, но форматот на церемонијата е нејасен откако телевизијата Ен-би-си претходно оваа година се откажа од плановите да ја емитува блескавата церемонија во Беверли Хилс по контроверзите околу Холивудското здружение на странски новинари (ХФПА), кое гласа за наградите.

Номинациите во понеделникот беа пречекани главно со молк од филмските студија и актерите кои вообичаено ги преплавуваат социјалните мрежи и репортерите со благодарност и реакции.

Не е јасно дали некој од номинираните ќе присуствува на јануарската церемонија, која беше една од најголемите наградни шоуа во Холивуд во пресрет на „Оскарите“.

Можете да прочитате

Денови на детска кариера во Diamond Mall – архитект, инженер, уметник, форензичар, пчелар, лекар и флорист – професиите на возрасните поблиску до децата

НАСА: Мексико Сити тоне – 24info.mk

Човечкиот мозок ги обработува емотиконите слично како реалните лица