Утрински Весник
Магазин

Холивудската легенда Роберт Редфорд денес полни 85 години

Холивудската легенда Роберт Редфорд денес полни 85 години

Роберт Редфорд стана водечка холивудска sвезда пред повеќе од 50 години. Во вестерн комедијата „Буч Касиди и Санденс Кид“ (1969) година, напаѓаше возови и банки заедно со Пол Њумен.

Со побелена коса, но сепак со харизматична, неверојатна насмевка, тој повторно ги извади пиштолите во „Старецот и пиштолот“ (2018) како Форест Такер, остарен ограбувач на банка.

Роберт Редфорд, кој денес (18 август) полни 85 години, триумфираше во секој аспект на комплицираниот свет на кинематографијата.

Според светските медиуми, тој е едноставно фасцинантна личност, актер и човек достоен за почит.

За луѓето кои ја гледале неговата верзија на „Големиот Гетсби“ или многу други постари блокбастери, секогаш ќе се сеќаваат на дискретниот шарм, но и леснотија со која ги пренесува сториите на ликовите кои ги глуми.

Холивудскиот ветеран – актер, режисер и активист – глуми од својата 21. година. Актерската кариера ја започна во 1960 година и подоцна заработи четири номинации за „Оскар“, а престижната награда ја освои за режија за „Обични луѓе“ во 1981 година.

Редфорд доби почесен Оскар во 2002 година.Тој има легендарна кариера, глуми во класици филмови како „Буч Касиди и Сандeнс Кид“ , „Осило“, „Сите луѓе на претседателот“ и други.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста