Утрински Весник
Свет

Холандија планира да испрати воена опрема во Украина

Холандија планира да испрати воена опрема во Украина

Холандија планира да испрати воена опрема во Украина, вклучувајќи пушки, муниција, радарски системи и роботи за откривање мини, соопшти денеска владата на земјата.

„Ние сè уште се стремиме кон дипломатско решение, но во исто време, Украина мора да може да се одбрани од евентуален руски напад“, изјави холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра, цитиран од Ројтерс.

Кризата на границата меѓу Украина и Русија не стивнува, откако Русија, според западните медиуми, акумулирала над 100.000 војници во близина на украинските граници.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија