Утрински Весник
Свет

Холандија го продолжи полицискиот час до 15 март

Холандија го продолжи полицискиот час до 15 март

Холандската влада објави дека полицискиот час ќе биде продолжен до 15 март, како дел од борбата против коронавирусот.

Полицискиот час од 21 до 4:30 часот е во сила од 23 јануари, а требаше да трае до 2 март.

Полицискиот час воведен за прв пат по Втората светска војна, предизвика протести кон крајот на јануари, најголеми во Холандија во последните неколку децении, со уапсени повеќе од 400 лица. Сепак, владата сега објави олеснување на некои ограничувања, вклучително и повторно отворање на фризерски салони.

Баровите, кафулињата и рестораните сè уште остануваат затворени, како и таканаречените ирелевантни продавници, но купувачите ќе можат да одат во нив барем по договор да купат нешто.

Најголемата холандска угостителска организација во понеделникот објави тужба против владата за да ја принуди повторно да ги отвори баровите и рестораните, кои се затворени од средината на октомври.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Анкара подготви десет луксузни Togg лимузини за Самитот на НАТО

Пожар избувна на Бруклинскиот мост за време на огнометот по повод Денот на независноста на САД

Трамп од прославата на 250 години независност: Америка влегува во нова златна ера