Утрински Весник
Свет

Холандија воведе полициски час првпат по Втората светска војна

Холандија воведе полициски час првпат по Втората светска војна

Викендов, за првпат по 75 години во Холандија беше воведен полициски час со цел да се запре ширењето на коронавирусот во третиот бран.

Според одлуката на владата, за граѓаните беше воведено ограничување на движењето, од саботата во 21 часот до недела во 4,30 часот.

Улиците на холандските градови беа целосно празни, првпат по Втората светска војна. Таа мерка ќе биде на сила секој викенд до 9 февруари, пренесуваат странските медиуми.

Секој којшто ќе биде фатен на улица во тоа време, ќе мора да плати казна од 95 евра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нова трамвајска несреќа во Сараево

Трамп размислува за ограничен напад врз Иран

Српската полиција заплени 50 килограми марихуана во камион од Унгарија