Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Хоакин Феникс ќе се врати на големото платно како Џокер во продолжението од 2024 година

Img 7972

Филмското продолжение на психолошкиот трилер оскаровец „Џокер“, базиран на еден од најпознатите негативци од стриповите, ќе се појави во кината на 4 октомври 2024 година, изјави во средата портпаролот на филмскиот дистрибутер „Ворнер Брос“.

dobivaj vesti na viber

Во Jокеr: Folie a Deux ќе глуми Хоакин Феникс, кој ќе ја повтори својата улога на насловниот лик – извонредна изведба што му донесе „Оскар“ за најдобар актер во оригиналниот филм од 2019 година, изјави портпаролот на студиото.

Филмот од 2019 година – приказна за потеклото на големиот непријател на суперхеројот Бетмен – доби 11 номинации за „Оскар“ вклучувајќи ја и таа во категоријата Најдобар филм, но победи за најдобра оригинална музика и за најдобар главен актер.

Тод Филипс е режисер и продуцент, сценариото го напиша заедно со Скот Силвер.

Приказната го прикажува психолошкиот пад на главниот протагонист во филмот, пропаднат кловн и комичар Артур Флек, и социјалните сили кои го трансформираа од потиштен самотник во ладнокрвен убиец кој инспирира бран насилство во измислената метропола Готам Сити.

Нема достапни детали за продолжението. Но, холивудскиот портал „Вараети“ објави дека новата продукција ќе биде мјузикл во кој Лејди Гага ќе ја глуми сојузничката на Џокер, Харли Квин.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?