Репрезентативката на Филипините во кревање товар, Хидилин Дијаз, богато е наградена за златото што го освои во Токио. Таа крена 224 килограми и на својата земја и го донесе првиот златен медал во историјата, а вкупно 11 медал од Олимписките игри.
Државата ја награди Дијаз со нова куќа и со 660.000 долари.
Националната хероина доби награда и од авио-компанијата „Ер Азиај Филипини“. Дијаз додека е жива бесплатно ќе лета со оваа компанија.
„Сакаме сие Азијци да веруваат дека секогаш можат да успеат. Хидилин не потсети дека со внатрешна сила, упорност и големо срце можете да минете низ сите предизвици, без оглед на тоа колкав товар носите со себе“, рекол портпаролот на компанијата, Стив Даилсан.
> Хероината на Филипините до крајот на животот бесплатно ќе се вози со авион <