Tој е познат по тоа што го прикажа непобедливиот Супермен на сребреното платно и Гералт од Ривија – убиец на чудовишта со натчовечки способности – во оригиналната Нетфликсова серија The Witcher („Вештерот“).
Сепак, Хенри Кавил е само човек и има повредена нога тоа да го покаже, коментираат медиумите.
За време на снимањето на втората сезона на „Вештерот“, 37-годишниот Британец се здобил со полесни повреди на ногата додека снимале сцена на напад – замавнување со секири. Според весникот„Сан“, Хенри бил шест метри во воздух и на себе имал бил сигурносен појас кога се случила несреќата.
Соопштено е дека Хенри ќе паузира од снимање бидејќи лекарите му наложиле да се одмори.
Британскиот весник цитира анонимен извор кој вели дека актерот ненадејно се повлекол и имал голема болка. Не е јасно дали некој предмет ја погодил ногата или станува збор за повреда на тетивата или на мускулите.
Порталот „Дедлајн“ објави дека снимањето на филмот ќе продолжи додека тој закрепнува.