Утрински Весник
Магазин

Хенри Голдинг се чувствува како аутсајдер во Холивуд

Хенри Голдинг се чувствува како аутсајдер во Холивуд

34-годишниот актер кој се прослави со „Лудо богати Азијци“ (Crazy Rich Asians ), а се појави во филмови меѓу кои „Едноставен фаворит“, „Минатиот Божиќ“, „Џентлмен“, „Змиски очи“ и други, призна дека било прилично тешко да го најде своето место во филмската индустрија.

Тој за Inverse.com рече: „Јас сум секогаш аутсајдер. И сега се чувствувам како аутсајдер. Не бев доволно Азиец за ‘Луди богати Азијци’. Не сум доволно бел за ‘Змиски очи’. Луѓето можат да кажат што сакаат и можат да имаат минијатурен поглед на светот. Но, ние сме глобални “.

Голдинг рече дека може да се поистовети со кинеско-канадскиот актер Симу Лиу, кој се соочи со противење откако ја доби главната улога во Марвеловиот Shang-Chiu.

Тој објасни: “Тоа се глупости. Играме ликови, а не нивното потекло. Глупо е сè уште да водиме такви разговори кога се бориме за нешто многу поголемо. Навистина е токсично.“

„Треба меѓусебно да се подигаме и да навиваме за успехот на сите. Не само на неколкумина затоа што имале среќа да пораснат на одредено место.“

Можете да прочитате

Крадец голтнал приврзок вреден над 33.500 долари

Хулигани фрлија пудинг врз витрината со кралската круна во Лондонската кула

„Ќе биде вака додека не се решат работите…“: Се огласи Џејла Рамовиќ по откажаниот концерт во Скопје (ФОТО)