Утрински Весник
Свет

Хезболах тврди дека соборил израелски дрон во Јужен Либан

Хезболах тврди дека соборил израелски дрон во Јужен Либан

Либанското шиитско движење, Хезболах, во понеделникот соопшти дека уништило беспилотно летало што им припаѓало на израелските вооружени сили во Блида, во јужното подрачје на земјата, пренесува „Спутник“.

„Утрово Исламскиот отпор [военото крило на Хезболах] погоди дрон што му припаѓа на непријателски Израел, а кој го наруши воздушниот простор на Либан во близина на населбата Блида на југот на земјата”, се вели во соопштението на Хезболах.

Претходно истиот ден, израелските одбранбени сили (ИДФ) известија дека израелско беспилотно летало е соборено над Јужен Либан.

„Пред кусо време, беспилотно летало на ИДФ падна на либанска територија за време на воената операција на армијата на либанската граница. Нема ризик од истекување разузнавачки информации”, објави ИДФ на Твитер.

Традиционално напнатите односи меѓу Израел и Либан се влошија во 2020 година по наводниот напад на израелски беспилотни летала врз Канцеларијата за медиуми на Хезболах во Бејрут. Израел повеќепати ги премина границите на Либан за да го искористи воздушниот простор на земјата и да изврши напади во Сирија врз наводни бази на Хезболах.

Либан, од своја страна, исто така испраќа беспилотни летала во израелскиот воздушен простор. Минатиот месец, ИДФ соопшти дека соборило дрон кој ја преминал границата од Либан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking