Утрински Весник
Спорт

Хајнкес: Пандемијата го покажа лошиот развој на фудбалот и заедницата

Хајнкес: Пандемијата го покажа лошиот развој на фудбалот и заедницата

Минхен, 3 мај 2020 (МИА) – Легендарниот германски тренер Јуп Хајнкес изјави дека избувнувањето на пандемијата од коронавирус откриле непожелни случувања во фудбалот и пошироката јавност во последните години.

Тој за весникот „Велт“ изјави дека себичноста е поставена над вредностите како што се кохезија, хуманост и солидарност.

– Треба повторно да ги изостриме сетилата за луѓето кои не се справуваат толку добро во општеството, во фудбалот, вели Хајнкес.

Гледајќи кон фудбалот и кризата, која може да зафати многу клубови, Германецот ги поддржа луѓето што повикуваат на поголема скромност.

– Важно е да се бара начин за поголема нормалност во фудбалот. Износите за трансфери и плати треба да се намалат и повторно да се сведат на нормално ниво. Во еден момент, парите станаа неморални, рече искусниот тренер.

Хајнкес (74) е поранешен германски репрезентативец, кој ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид и Баерн Минхен. Тој беше на кормилото на Баварците три периоди, достигнувајќи го врвот во 2013 година кога освои „требл“.

Бундеслигата е запрена од средината на март поради пандемијата, но клубовите се надеваат дека ќе го нормализираат процесот на тренинзи подоцна овој месец, чекајќи потврда од владата.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство