Утрински Весник
Магазин

Хајди Клум горда на првите манекенски чекори на ќерката Лени

Хајди Клум горда на првите манекенски чекори на ќерката Лени
300x250 (7)

Поранешниот супермодел ја предаде својата моќ на модните писти на својата ќерка Лени (16) и вели дека многу се гордее со тинејџерката за досегашната работа, која ја опиша како „неверојатна“.

Хајди за магазинот „Пипл“ изјави: Досега напредува фантастично. Таа сака да се занимава со манекенство веќе подолго време. И јас конечно реков „да“ затоа што сега е доволно стара, има речиси 17 години. Почна со насловна страница на германски „Вог“ и ќе има уште една насловна за два месеци.

47-годишната Хајди – која ги има Лени, Хенри (15), Јохан (14) и Лу (11) со нејзиниот поранешен сопруг, пејачот Сил, вели дека е изненадена што нејзината ќерка не се плаши од фотоапаратите залепени до лицето.

„Таа ја отвори модната недела во Берлин каде ја видов како чекори по писта за прв пат, со високи потпетици како вистински модел,“ додаде Хајди во интервјуто за „Пипл“.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Сок од бозел – еликсир на здравјето

Задржувањето на водата во телото може да влијае на мозокот, очите и белите дробови

Страдате од мигрена? Овие четири природни додатоци можат да помогнат