Утрински Весник
Магазин

Харизматичната Хали Бери плени со својот изглед на црвениот тепих

Харизматичната Хали Бери плени со својот изглед на црвениот тепих

Хали Бери го привлече вниманието во црн мини фустан на премиерата на научнофантастичниот трилер Moonfall во театарот TCL во Холивуд во понеделникот вечерта.

Таа позираше со режисерот Роланд Емерих и актерот Патрик Вилсон.

Само неколку дена пред нејзиниот нов филм за група астронаути кои се обидуваат да ја спречат Месечината од фатален судир со Земјата, а кој пристига во киносалите во петок, Хали (55) се појави на црвениот тепих во впечатлив фустан со надуени ракави.

Ѕвездата на Catwoman го дополни својот изглед со нежен сребрен ѓердан и светкави обувки.

Оваа креација го истакнува нејзиниот исоначан тен и убава фигура. Мајката на две деца изгледа апсолутно блескаво со нагласени прамени во мед боја и елегантно подигната коса со неколку локни што висат надолу.

Оскаровката зрачи со самодоверба додека го покажува фустанот одзади и гледа преку рамото со нежна насмевка и двете раце на колковите.

Таа е една од холивудските дами чиј изглед ни приближно не ги издава нејзините години.

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата