Утрински Весник
Сцена

Харви Вајнштајн од болница повторно е вратен во затвор

Осудениот силувач Вајнштајн поради здравствени проблеми е пренесен во болница

Њујорк, 18 март 2020 (/) –  Харви Вајнштајн е префрлен во државниот затвор во Њујорк еден ден пред неговиот 68-ми роденден, за да ја одлежи 23-годишната затворска казна за силување и сексуален напад.

Поранешниот филмски магнат, чија осуда стана симболика на движењето МиТу (#MeToo) се наоѓа во затворот Венд. Сепак ова нема да биде неговото постојано место за издржување на казната. Во затворот ќе бидат проценети неговите здравствени и други потреби и каде ќе биде преместен.

Вајнштајн веќе има затворски број, 20Б0585.

Портпаролот на Вајнштајн го опиша овој потег како суров.

Харви Вајнштајн беше прогласен за виновен од поротниците на 24 февруари. Неговата казна му беше изречена на 11 март. Оттогаш, тој поминуваше време во затворот Рикерс и болницата во Белви, поради проблеми со срцето и висок крвен притисок. ки/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка