Утрински Весник
Спорт

Хамилтон не очекува големи промени во врвните тимови

Хамилтон: Борбата со Верстапен беше неверојатна

Лондон, 17 февруари 2020 (МИА) – Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон верува дека во блиска иднина составот на врвните тимови ќе остане стабилен. Претходно, тој беше поврзан со можен трансфер во Ферари на местото на Себастијан Фетел.

– Мислам дека во врвните тимови нема да има многу движења. Секако, не знам кој има договори. Но, мислам дека нема да има многу транзиции. Мислам дека ќе има нешто слично на моменталната состојба. И не можам да знам кој е идниот план на Фетел, изјави Хамилтон за „Скај спортс“.

За мене е важно да бидам јас. Луѓето велат: „Таму и таму можете да добиете слобода“. Но, јас не би одел таму каде што не би можел да бидам јас. Кога се преселив во Мерцедес, тогаш тие го разбраа. Имаме кул спонзори, освоивме многу првенства, трки. Ова е вистинска привилегија: да се биде посакуван од одличен тим. Одлично чувство. Се надевам дека ќе продолжам да придонесувам за успех, додаде Британецот.

Хамилтон е актуелен шампион во Формула 1 и прв фаворит за трофејот во новата сезона. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024