Утрински Весник
Спорт

Хамилтон: На шампионската фотографија само јас не бев белец!

Хамилтон: На шампионската фотографија само јас не бев белец!

Седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон во интервју за „ВСЈ магазинот“ признава дека уште го мачи и го растажува тоа што во Формула 1 нема доволно разновидност и дека спортот останува „премногу бел“.

Од неговото деби во Ф1 во 2007 година како 22-годишник, Хамилтон има најмногу пол-позиции, победи и светски титули (каде што е израмнет со Михаел Шумахер). Но, 36-годишниот Британец вели дека неговото искуство со расизмот во Ф1 е разочарувачко, посебно бидејќи тој останува единствениот црн возач во спортот.

Хамилтон вели дека заедно со неговиот татко и поранешен агент Ентони, се надевал дека спортот ќе се трансформира како што направија Тајгер Вудс во голфот и сестрите Вилијамс во тенисот, но шампионската фотографија по крајот на 2019 го уверила дека не успеал.

„На фотографијата со тимот, јас бев единствениот кој не беше бел. Тука сум 14-15 години, како работите не се сменија? Навистина сум тажен поради тоа. Фрустриран и тажен“, вели Хамилтон.

По ова, студијата на Кралската академија за инженеринг утврди дека помалку од 1 отсто од вработените во Формула 1 не се белци. Заедно со шефот на Мерцедес, Тото Волф, Хамилтон ја почна кампањата за разновидост во спортот.

„Да не почневме, ништо немаше да се смени“, додава Хамилтон.

> Хамилтон: На шампионската фотографија само јас не бев белец! <

Можете да прочитате

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет

АИПС го осуди однесувањето на новинарите по хаотичното африканско финале

Вардар ремизираше на вториот контролен натпревар во Анталија