Утрински Весник
Спорт

Хамилтон им одговори на Ферстапен и Хорнер

Хамилтон им одговори на Ферстапен и Хорнер

Луис Хамилтон, победникот на трката за Големата награда на Велика Британија, се огласи по триумфот, до кој стигна по инцидентот со Макс Ферстапен на самиот почеток од трката.

Ферстапен го уништи болидот, заврши и на дополнителни прегледи во болница, Хамилтон доби казна од 10 секунди, меѓутоа тоа не му пречеше прв да ја мине целта.

Холанѓанецот го обвини Хамилтон дека се однесувал неспортски и непрофесионално, бидејќи славел додека тој бил во болница.

„Бев до него, не ми остави доволно простор. Целиот викенд давав се од себе и без оглед на тоа дали се согласувам со казната или не, не сакав да дозволам ништо да застане на патот да се слушне химната и да се подигне британското знаме“.

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, веднаш го обвини Хамилтон дека тој е виновен за инцидентот.

„Така не се вози во таа кривина. Секој од возачите знае дека така не се поминува низ него. Беше тоа голема несреќа. Ако мене ме прашувате, Хамилтон е виновен за се, воопшто не требаше да се најде во таа позиција“, рекол Хорнер, на што Хамилтон му одговори.

„Немам што да кажам. Не сакам вакви работи да се случуваат во трките. Сега е важно да се смириме, да не зборуваме додека главите се „жешки“. Знам како е кога тимот губи бодови. Немам повеќе што да кажам“.

Сезоната во Формула 1 ќе продолжи на 1.август, кога ќе се вози Големата награда на Унгарија.

> Хамилтон им одговори на Ферстапен и Хорнер <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина