Шампионот во Формула 1 Луис Хамилтон денеска дозна дека е позитивен на коронавирусот откако вчера утрината се разбудил со благи симптоми.
„Откако во јуни почна сезоната екипата и јас ги преземавме сите мерки и ги почитувавме сите правила каде и да бевме само да се заштитиме. За жал, иако минатата недела на три тестирања бев негативен, вчера се разбудив со благи симптоми и побарав ново тестирање, а резултатите беа позитивни. Веднаш отидов во 10-дневна изолација“ напиша Хамилтон на Твитер.
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) December 1, 2020
Претпоследната трка во Бахреин со сигурност ќе ја пропушти, а неизвесен ќе е неговиот настап и за последната трка во Абу Даби на 13 овој месец.
Хамилтон вели дека тешко му паднало што не може да се натпреварува во недела.
„Имам среќа што имам само благи симптоми, добро се чувствувам и ќе дадам се од себе да останам физички подготвен и здрав. Ве молам, чувајте се, никогаш не може докрај да сте претпазливи. Ова се загрижувачки времиња и мораме да водиме сметка за себе и за другите“ заклучи Британецот.
Интересен е податок што ова ќе е првата трка што седумкратниот Ф1 шампион ја пропушта во кариерата.
Хамилтон позитивен на коронавирусот
> Хамилтон: Добар сум, имам само благи симптоми, ве молам чувајте се! <