Утрински Весник
Спорт

Халилхоџиќ во Мароко заработува вистинско богатство

Халилхоџиќ во Мароко заработува вистинско богатство

Селекторот на Мароко, Вахид Халилхоџиќ, е најплатениот селектор на африканскиот континент. Порталот „Ганаспорт“ ги објави месечните плати на селекторите на сите африкански репрезентации.

Легендата на Вележ месечно од Фудбалскиот сојуз на Мароко добива 89.000 долари, односно нешто повеќе од 1.000.000 долари годишно. Втор на оваа листа е познатиот Португалец Карлос Кеирош, кој има месечна плата од 85.000 долари.

Овие двајца се далеку пред другите. Џамел Белмади од Алжир добива 65.000 долари месечно, Португалецот Антонио Консеисао, кој го предводи Камерун, има месечна плата од 59.000 долари, колку што Либија го плаќа Шпанецот Хавиер Клементе.

> Халилхоџиќ во Мароко заработува вистинско богатство <

Можете да прочитате

Норвешка најуспешна нација по првата недела од ЗОИ

ЗОИ 2026: Чешкиот тинејџер олимписки шампион во брзо лизгање

МЗТ Скопје Аеродром со „стотка“ против Работнички до полуфиналето во Купот