Утрински Весник
Спорт

Халанд има нов клуб

Dik 300x250 mk

Заврши сагата околу трансферот на Ерлинг Халанд. Норвежанецот кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити.

Угледниот „Атлетик“ пренесува дека Халанд по неколкумесечни преговори ги договорил сите лични услови со Сити. Според овој извор до крајот на оваа недела Сити ќе го потврди трансферот.

За 21-годишниот фудбалер беа заинтересирани и Реал и Барселона, но тој реши да тргне по стапките на својот татко и да го облече светлосиниот дрес на клубот од Манчестер.

Халанд има неверојатна статистика во Дортмунд, постигна 85 гола на 88 натпревари, доколку формата ја пренесе и во Манчестер сити, тогаш тимот на Пеп Гвардиола ќе биде незапирлив.

> Халанд има нов клуб <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс