Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Хакими ќе се врати во Реал Мадрид

Реал Мадрид враќа четири отстапени играчи
300x250 opst2

Дортмунд, 23 мај 2020 (МИА) – Ашраф Хакими ќе се врати во Реал Мадрид. Ова го изјави агентот на играчот Алехандро Камано. Мароканецот моментно е на позајмица во Борусија (Дортмунд), но неговиот закуп истекува. Сè уште не е јасно каква ќе биде неговата иднина. Во Дортмунд тој е солиден стартер, додека на „Сантијаго Бернабеу“ ќе мора да работи напорно за да го замени стартерот Дани Карвахал, а клубот на оваа позиција ги има и Начо Фернандез и Алваро Одриосола.

Во последните неколку дена има извештаи дека Интер му дал понуда на играчот, но агентот негираше такво нешто: „Нема таква понуда. Ашраф ќе се врати во Реал Мадрид“.

За 21-годишниот талент се заинтересирани и Тотенхем, Челси, Арсенал, Јувентус и Баерн (Минхен). Во Дортмунд, исто така, се надеваат дека ќе можат трајно да го задржат.

– За мојот договор со Реал Мадрид? Мојот агент се занимава со ова и јас не сум многу запознаен со тоа што се случува – не знам колку години ми остануваат. Договорот е истиот што го потпишав во 2017 година, ништо не се смени, рече Хакими.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН