Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Хакерите најавија дека следна цел им се извршителите

Хакерите најавија дека следна цел им се извршителите
300x250 opst2

Анонимните хакери од земјава најавија преку „Твитер“ дека следна цел им се извршителите.

„Немојте утре да се правдате дека сте правеле истрага и затоа биле паднати сајтовите, немојте повеќе да лажете, срамно е! Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се“, се наведува на профилот на анонимната хакерска група.

Откако утрово беше хакирана веб страната на Министерството за здравство, хакерите на „Твитер“ пишуваат дека тие во ниту еден момент не го загрозиле маил серверот на здравство, туку направиле екстракт на мејловите.

„Сајтовите, и маил серверот се изгасени од страна на шалабајзерите што се систем админи во тие министерства“, се наведува на профилот „AnonOpsMKD“.

Претходно од Министерството за здравство објавија дека нивната официјалната веб-страница не функционира, а не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата. Одговорноста за хакерскиот напад ја презема групата која стои зад профилот „AnonOpsMKD“, а која претходно призна дека е одговорна и за паѓањето на македонскиот агрегат за вести Тајм.мк.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села