Утрински Весник
Македонија

Колеги се тепале пред фирма во Скопје, а испукан бил и куршум

Куршум завршил во соба од стан во која имало дете

Синоќа пред фирма на улицата Скупи, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка помеѓу О.Б., И.Б., М.М. и М.М.М., вработени во фирмата, од една страна, и М.Ш. со неколку други лица, од друга страна.

„Според пријавеното, во физичката пресметка биле користени тврди предмети, а во еден момент О.Б. испукал еден куршум во воздух, по што го вперил пиштолот кон М.Ш.. При пресметката, со тешки телесни повреди се здобил М.М., констатирани во болницата ‘Св.Наум Охридски’, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пиштол и голема количина кокаин најдени во домот на 57-годишник од Голема Речица

По пријава за семејно насилство, при претрес во тетовско, пронајдено оружје и муниција

За шест часа санкциониран 541 возач за брзо возење