Утрински Весник
Спорт

Хаверц пак „златниот“ – Челси се светски шампиони

Хаверц пак „златниот“ – Челси се светски шампиони

Каи Хаверц повторно беше клучниот фудбалер на Томас Тухел, откако постигна гол во продолженијата во финалето на Светското клупско првенство, за Челси да стигне до 2:1 победа над бразилскиот Палмеирас и да стане светски шампион првпат во историјата.

Хаверц, да потсетиме, лани исто така го постигна победничкиот гол за Челси во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Во дуелот на европскиот и јужноамериканскиот шампион, Челси први стигнаа во водство преку голот на Ромелу Лукаку во 55. минута од мечот, но само девет минути подоцна шампионот од Копа Либертадорес, Палмеирас израмни од пенал преку Рафаел Веига. До крајот на регуларните 90 минути немаше голови, така што се играа продолженија кога Хаверц во 117. минута, исто така со гол од пенал да ја обезбеди победата на Челси.

> Хаверц пак „златниот“ – Челси се светски шампиони <

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години