Утрински Весник
Спорт

Ф1 го раскина договорот со Русија

Ф1 го раскина договорот со Русија

Формула 1 попладнево потврди дека трката за Големата награда на Русија нема да се одржи во блиска иднина. Формула 1 го прекина договорот со организаторите на трката во Сочи, без можност тој повторно да биде потпишан.

Пред два дена ФИА одржа состанок, на кој донесе одлука да не ги суспендира руските и белоруските возачи, но тие да се тркаат без државните обележја.

Исто така, на тој состанок ФИА донесе одлука во Русија и Белорусија да се одржуваат натпревари сѐ додека не биде донесена поинаква одлука.

Денес, Формула 1 потврди дека воопшто не размислива да се врати на патеката во Сочи и дека веројатно никогаш нема да има соработка помеѓу двете страни.

> Ф1 го раскина договорот со Русија <

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет