Утрински Весник
Спорт

Фјури не мисли на Џошуа, се врати на алкохолот – 12 пива дневно!

Фјури не мисли на Џошуа, се врати на алкохолот – 12 пива дневно!
300x250 (7)

Долгонајавуваната и долгоочекуваната пресметка меѓу светските шампиони во тешка категорија, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа изгледа далечно, откако Фјури, носителот на ВБЦ титулата, вели дека пие 12 пива дневно и дека не се „ниту блиску“ до договор.

Откако пред неколку недели, промотерите на двајцата боксери беа оптимистички расположени за договарањето на двата меча оваа година, сега Фјури вели дека е „човек кој ужива во локдаунот“ со многу пиво.

Ss1

„Додека немам меч, датум и многу пари во џеб, нема да има меч. Има многу работи кои се одвиваат за кои луѓето не знаат кои можат да го спречат мечот. Престанав со тренинзи, сега сум на одмор. Имам 8, 10, 12 пива дневно. Не јадам доволно, така што калориите ги добивам преку алкохол. Нема што друго да се прави, нели? Доста ми беше тренинг по тренинг без цел. Сега сум човек кој ужива во локдаунот“, вели Фјури.

Ова не е првпат популарниот „Џипси кинг“ да има ваков проблем – по славната победа над Владимир Кличко во 2015 тој призна дека пиел по 50 литри пиво неделно и стигна блиску до 200 килограми, а тука беше и лошата навика со кокаинот.

> Фјури не мисли на Џошуа, се врати на алкохолот – 12 пива дневно! <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Борусија Дортмунд си обезбеди место во ЛШ во наредната сезона

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот