Утрински Весник
Спорт

ФЦ Копенхаген „скапо им ја продаде кожата“ на „ѓаволите“, по 120 минути

ФЦ Копенхаген „скапо им ја продаде кожата“ на „ѓаволите“, по 120 минути
Img 5587

Повеќе од 120 минути фудбал во Келн, силите во четвртфиналето од ЛЕ ги одмерија Манчестер Јунајтед и ФЦ Копенхаген.

За нијанса поконкретни беа „ѓаволите“. Бруно Фернандеш од белата точка (направен беше фаул врз Марсијал) во 95 минута од првото продолжение донесе предност од 1-0 откако во регуларниот дел, по 90 минути беше 0-0.

Ss1

Иако статистиката и фаворитската улога беше на страна на премиерлигашот, сепак клубот од Данска имаше свои шанси кои не ги искористи.

Мрежата од голот на голманот Јонсон првпат беше затресена во 45 минута, погоди Гринвуд. Но по ВАР асистенција голот беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел на двапати „ѓаволите“ ја погодуваа конструкцијата на голот на Копенхаген, а одлични голмански вештини презентираше и самиот Јонсон, па ја држеше неизвесноста во регуларниот дел.

Мораше да се играат продолженија, двапати по 15 минути за да се одреди полуфиналистот.

По 105 минути игра, откако Јунајтед веќе поведе од пенал (Фернандеш 95 минута) статистиката покажуваше дека фудбалерите на англискиот клуб упатиле 26 удари кон голот на Копенхаген, а од нив 14 во рамките на голот. Јонсон одличен, со 13 одбрани.

Копенхаген во таа статистика се на нула, но дефанзивците на Јунајтед на неколкупати го спасуваа својот гол од непосредна близина.

Во второто продолжение данскиот тим падна на физички план, па олеснета беше задачата на „ѓаволите“.

Манчестер во полуфиналето на ЛЕ го чека подобриот од утрешното четвртфинале Вулверхемптон – Севилја.

> ФЦ Копенхаген „скапо им ја продаде кожата“ на „ѓаволите“, по 120 минути <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Македонија се собра за бараж-двомечот со Фарски Острови

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024