Утрински Весник
Спорт

ФФМ ги одложи натпреварите во Купот на Македонија

ФФМ ги одложи натпреварите во Купот на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), поради сообраќајната несреќа, во Бугарија, ги одложи утршните натпревари во Купот.

„Комисијата за натпреварување во Фудбалската федерација на Македонија го информира фудбалското семејство и клубовите од МФЛ дека по големата автобуска несреќа која се случи во раните утрински часови во Р. Бугарија, а во која животот го загубија наши граѓани, планираните четвртфинални натпревари од Купот на Македонија закажани за 24. ноември 2021 година се пренасочуваат за одигрување на 01. декември 2021 година со почеток во 13:00 часот“, соопшти ФФМ.

Во четврт-финалето ќе играат:
Шкендија – Струга Трим Љум
Пелистер – Вардар
Силекс – Брегалница Штип
Македонија Ѓорче Петров – Шкупи.

> ФФМ ги одложи натпреварите во Купот на Македонија <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара