Утрински Весник
Македонија

Функционерите на ДУИ казнети со по 20 евра за групирањето на прославата на Ахмети

Функционерите на ДУИ казнети со по 20 евра за групирањето на прославата на Ахмети

Министерството за внатрешни работи им врачило платни налози за неносење на заштитна маска на сите 15 функционери од ДУИ кои на 4 јануари се сликаа собрани во новата зграда на Министерството за политички систем, славејќи го роденденот на партискиот лидер, Али Ахмети, без почитување на мерките против ширење на коронавирусот.

Од МВР потврдуваат дека платните налози се врачени и додаваат дека како и за сите граѓани, така и за функционерите, важи правилото дека ако ја платат казната во рок од една недела, ќе им се намали на 10 евра.

Според извори од истрагата, се врши координација за изрекување на кривична пријава, со цел дополнително казнување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар го затвори експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот во прекин

Скопјанец во Охрид со бензин испрскал момче од Кичево

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево