Утрински Весник
Спорт

Фудбалската сезона во Аргентина е стопирана, нема да има отпаѓање уште две години

Фудбалската сезона во Аргентина е стопирана, нема да има отпаѓање уште две години

Буенос Аирес, 28 април 2020 (МИА) – Фудбалската сезона во Аргентина е запрена поради епидемијата од коронавирус во земјата, официјално објави локалната фудбалска асоцијација.

Првенството заврши во првата недела од март, кога Бока Јуниорс драматично ја освои титулата со бод предност пред Ривер Плата. Кон средината на март, стартува турнирот за Купот на Суперлигата, кој требаше да заврши на крајот на мај, но беше прекинат по првото коло.

Поради предвремено завршување на кампањата во наредните две сезони нема да има екипи кои ќе отпаѓаат од елитната дивизија.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години