Утрински Весник
Спорт

Фудбалер на Вердер замина во карантин

Пизаро ја најави последната сезона во кариерата

Бремен, 15 мај 2020 (МИА) – Еден од играчите на Вердер Бремен е во карантин веќе две недели поради пандемијата на коронавирус, пренесува официјалната веб-страница на клубот. Фудбалерот не е заразен со вирус, сите тестови досега беа негативни.

Според „Билд“, станува збор за 41-годишниот напаѓач Клаудио Пизаро. Наводно позитивен тест за коронавирус имала неговата ќерка, а целото семејство било испратено во карантин.
Во исто време, во вторникот, Вердер Бремен објави дека Пизаро е надвор од акција поради повреда на мускулите.

Сезоната во Бундеслигата ќе продолжи утре (16 мај). Следниот натпревар на Вердер е на 18 мај против Баер Леверкузен. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство