Утрински Весник
Спорт

Фудбалер на Арсенал истепал крадец

Фудбалер на Арсенал истепал крадец

Фудбалерот на Арсенал, Габриел, се пресметал со крадци во својата гаража. Еден од нив е уапсен и ќе лежи во затвор пет години.

Снимката која ја објавија британските медиуми е од август оваа година. Габриел, во тој период се рехабилитирал од повредата на коленото. Крадците го следел до неговиот дом влегле во неговата гаража, со бејзбол палки му се заканиле и му го побарале часовникот, телефонот и автомобилот „Мерцедес“, вреден 50.000 евра.

Со намера да избгне конфликт, Габриел го дал часовникот, но потоа го тупаница го погодил Абрахам Муњоз. При полицискиот увид била пронајдена ДНК од крадецот. Муњоз веднаш бил уапсен. Бидејќи ова не му бил прв престап тој ќе добие петгодишна затворска казна.

> Фудбалер на Арсенал истепал крадец <

Можете да прочитате

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула