Утрински Весник
Спорт

Фудбалерите на Реал се надеваат дека Ла Лига ќе продолжи наскоро

Фудбалерите на Реал се надеваат дека Ла Лига ќе продолжи наскоро
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадрид, 5 април 2020 (МИА) – Фудбалерите на Реал Мадрид се подготвени да играат што е можно поскоро, дури и ако тоа значи дека натпреварите ќе се играат без публика.

Според весникот „АБЦ“, тимот верува дека обновата на првенството во Шпанија ќе им помогне на луѓето да се чувствуваат подобро за време на периодот во карантин.

Списанието додава дека Кралскиот клуб е подготвен да се врати во игра за натпреварите во Ла Лига и Лигата на шампионите. Ситуацијата е таква што дури и кога ќе заврши карантинот и вонредната состојба, ќе има правила што забрануваат собирање на големи групи на луѓе на едно место.

Фудбалерите на Реал Мадрид во моментов се дома и чекаат да се смири ситуацијата со пандемијата од коронавирус, која доста сериозни ја погоди Шпанија.

Според Марка, управата на Лос Бланкос започнала преговори со играчите за намалување на платите, што ќе биде економски добро за тимот во овие тешки времиња.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Наполи поразен во Удине – 24info.mk

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот