Утрински Весник
Спорт

Френсис, по „уличниот“ нокаут сака меч со Тајсон

Поранешниот боксер во тешка категорија, Британецот Џулијус Френсис, кој неодамна повторно се врати на насловните страници на британските таблоиди кога нокаутираше еден човек работејќи како обезбедување во еден локал, вели дека сака ри-меч со Мајк Тајсон по неславниот меч во 2000 година.

Френсис вели дека не е заинтересиран за меч со Јутјуб ѕвездите, Џејк и Пол Логан, велејќи дека само Тајсон би го натерал повторно да се врати во рингот.

„Ако има промотер кој е подготвен да организира вистински меч и дојде до пристојна понуда, тогаш зошто да не? Веднаш би се соглаасил на римеч. Не знам дали некој би го сакал да организира тоа“, вели Френсис.

Тајсон го „декласираше“ Френсис кога се сретнаа во рингот во Манчестер во јануари 2000, праќајќи го пет пати на подот пред нокаутот во втората рунда.

> Френсис, по „уличниот“ нокаут сака меч со Тајсон <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија