Утрински Весник
Свет

Францускa министерка остро го критикуваше реалното шоу кое покажува тестирање на невиност кај Ромките

Францускa министерка остро го критикуваше реалното шоу кое покажува тестирање на невиност кај Ромките

Францускиот парламент штотуку го донесе таканаречениот „закон за сепаратизам“, кој забранува тестови со кои се докажува невиноста на невестата пред брак. Законот важеше за голем дел од муслиманското население во Франција, но исто така ги забранува традициите на некои ромски заедници.

Францускaта министерка за родова еднаквост Марлен Шиапа го осуди реалното ТВ-шоу поради некритично прикажување на традиционалниот ромски предбрачен тест за невиност.

Шиапа изјави дека му напишала на францускиот радиодифузер ЦСА откако каналот ТФХ прикажал неверојатни ромски свадби и таканаречена „церемонија на марамчиња“ .

Таканаречениот закон за сепаратизам е најновиот правен акт во секуларната република насочен кон големо муслиманско малцинство, но ќе влијае и на Ромите или Житаните – што е, иронично, името на една од двете светски познати марки цигари на француската компанија за тутун СЕИТА.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен