Утрински Весник
Спорт

Францускиот печат се сврте против Меси

Францускиот печат се сврте против Меси
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Иако неговото пристигнување во Париз беше пречекано со огромен оптимизам, францускиот спортски печат сега се „сврте“ против Лионел Меси по првиот меч од осмиафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, кој Пари Сен-Жермен го доби со 1:0.

Меси имаше ужасни 90 минути на „Паркот на принцовите“, по што „Л’Екип“ му даде само оценка 3, откако Аргентинецот имаше совршена шанса да ги донесе ПСЖ во водство со удар од пенал во 61. минута, но неговиот лош обид беше одбранет од Тибо Куртоа.

„Л’Екип“ коментира дека е тажно да се гледа како Меси игра во моментов.

„Има нешто тажно да го гледате така. Во првото полувреме, на позиција на играч од средината а теренот, тој постојано промашуваше. Во дуели еден-на-еден страдаше физичко. Во второто полувреме беше подобар, имаше неколку ефективни додавања. Но, тој имаше и неуспешни обиди (53. и 74. минута) и одбранетиот пенал. Овој Меси беше загрижувачки“, велат од „Л’Екип“.

Килијан Мбапе, кој постигна фантастичен гол во 94. минута за победата и Марко Верати, кој владееше во средниот ред, добија 8 од 10, додека ниту еден фудбалер на Реал Мадрид, освен Куртоа, немаше оценка над 6.

Англиската фудбалска легеда Гери Линекер, пак вели дека не е фер да се очекуваат чуда од Меси.

„Тој во јуни ќе има 35 години. Роналдо наполни 37. Треба да ги намалиме очекувањата. Тие уште играат прекрасно, но ниту тие фудбалски богови не можат против времето“, напиша Линекер на Твитер.

> Францускиот печат се сврте против Меси <

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност