Утрински Весник
Свет

Францускиот парламент го одобри предлог-законот за задолжителна вакцинација на медицинските работници

Францускиот парламент го одобри предлог-законот за задолжителна вакцинација на медицинските работници
Dik 300x250 mk

Францускиот парламент го одобри нацрт-законот за натамошно заострување на условите за задолжителнa вакцинациja против Ковид-19 и задолжителна примена на здравствени пропусници како одговор на делта-варијантата на вирусот, пренесува РТ.

Новите ограничувања доаѓаат во време на се погласни протести во Франција.

Новите ограничувања што ги наметнува законот значат дека француските здравствени работници ќе бидат обврзани да примат вакцина. Потребата од здравствени пропусници, исто така, ќе се наметне во повеќе сфери на општеството, оставајќи на располагање помалку социјални активности и опции за превоз за оние кои се противат на вакцинацијата.

Предлог-законот предвидува здравствените пропусници – ковид пасош или негативен тест – да бидат потребни во баровите и рестораните, на долгите патувања со воз и на летовите. Претходно претседателот Емануел Макрон веќе ја наметна здравствената пропусница за музеите, кината и базените по ширењето на делта- варијантата на почетокот на јули.

Предлог-законот треба да биде одобрен од Уставниот суд на Франција – тело на кое многу демонстранти апелираат за заштита на нивните човекови права.

Според официјалните податоци, 60 отсто од возрасните Французи се целосно вакцинирани. Од почетокот на пандемијата, Франција забележа 111.806 смртни случаи од Ковид-19.

Можете да прочитате

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор