Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Францускиот парламент го одобри законот за пропусници за Ковид-19

Францускиот парламент го одобри законот за пропусници за Ковид-19
300x250 opst2

Францускиот парламент денеска ги одобри најновите владини мерки за борба против Ковид-19, вклучително и законот за пропусници за Ковид-19.

Законот за пропусници за Ковид го поддржаа 214 пратеници, против беа 93 пратеници, а воздржани 27. Овие мерки сега се пред Сенатот, кој ќе ги разгледа пред какво било дополнително одобрување.

Претходно оваа недела, владејачката партија „Република во движење“ ја бранеше поострата реторика на претседателот Емануел Макрон, која беше упатена до невакцинираните, откако неговите зборови предизвикаа осуда на опозицијата и различни реакции кај гласачите.

Макрон рече дека сака да ги „разгневи“ невакцинираните луѓе со тоа што ќе им го комплицира животот толку многу што на крајот ќе мора да се вакцинираат против Ковид.

Ова го изјави во интервју за весникот „Паризиен“ во кое невакцинираните ги нарече неодговорни и недостојни да се сметаат за граѓани.

Франција вчера регистрираше рекорд од повеќе од 332.000 нови случаи и уште 246 смртни случаи поради Ковид во болниците, додека земјата се соочува со петтиот бран на вирусот.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори